Почетна Убавина и здравје(Фото) Синот на Огњен Амиџиќ го изговори првиот збор, а Мина веднаш сподели што кажал!

(Фото) Синот на Огњен Амиџиќ го изговори првиот збор, а Мина веднаш сподели што кажал!

од nenad
1 минути читај за

Српскиот водител Огњен Амиџиќ ужива во бракот со сопругата Мина Наумовиќ, со која неодамна го доби синот Перун.

Познатиот водител сега објави фотографија од својот наследник и го откри првиот збор што неговиот и синот на Мина го изговорил.

Како и кај повеќето деца, првите зборови обично се мама и тато, така се случило и кај Амиџиќ.

„Првиот збор е тато“, напишала неговата сопруга Мина, а тој гордо одговорил:

„Нормално“.

Сопругата на Огњен Амиџиќ, Мина Наумовиќ неодамна за првпат проговори за односот со сопругот, нивниот син Перун, но и за проширувањето на семејството кое и двајцата го посакуваат.

Би сакале да имаме уште деца и би сакале следното да биде девојче – рекла Мина, а потоа се надоврзала на необичното име што му го дале на синот, поради што стана мета на прозивки.

Мина одговорила на прашањето како дознала дека Огњен е вистинскиот маж.

Затоа што покрај него, се засакав себеси.

Мина Наумовиќ е многу атрактивна, а многумина ја обвинија дека направила естетска хирургија, иако таа негира.

Да потсетиме дека Огњен еднаш истакна дека неговата сопруга никогаш не ги зголемила усните.

Верувале или не, 100 отсто природно. Ниту 1 отсто ГМО, филери и пластика. Затоа што читам многу работи, а не ми се допаѓа неправдата – рекол еднаш Огњен.

 

Фото: Инстаграм принтскрин https://www.instagram.com/ognjenamidzic/