Почетна МакедонијаДелови од Скопје утре без струја поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа

Делови од Скопје утре без струја поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа

од nenad
1 минути читај за

Корисниците од ул. „Васил Ѓоргов“ во Центар и од „Јуриј Гагарин“ во Карпош утре (30 јануари) од 9 до 14 часот ќе немаат струја поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа. По добиено известување од ЕВН Македонија АД, РЦУК-Скопје информира дека од 9 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците во Стопански двор – Волково и од 9 до 14:30 часот корисниците од ул. „Сагудати“ во општина Ѓорче Петров. Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, од 9:30 до 14 часот утре струја ќе немаат и корисниците од населбата Усје во општина Кисела Вода