Почетна Убавина и здравјеОстануваат тазе со денови и не мора да чекате да нарасне тестото! – Убавина и здравје

Остануваат тазе со денови и не мора да чекате да нарасне тестото! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Најдобриот рецепт за кифлички што некогаш сте го пробале

Домашните кифлички се задолжителен дел од нашите трпези, а овој рецепт им успева и на неискусните домаќинки. Толку се меки и воздушести што нема да можете да изедете само една, а совршено се комбинираат со разни јадења.

Состојки:
  • 600 г меко брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка сув квасец
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 1 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 жолчка
  • сусам за посипување
Приготвување:


Поврзани објави

Ставете сув квасец во малку млако млеко, додајте шеќер и добро разматете. Потоа, додајте масло, преостанатото млеко, јогурт, промешајте, па додајте брашно претходно помешано со прашок за печиво, и сол, и мешајте додека се згусне смесата.

Почнете да месите со раце, додека добиете тврдо, нелепливо тесто што може да се искористи за кифлички.

Поделете го тестото на две топчиња, па едното расучете го со сукало во круг и пресечете го на триаголници. Филувајте со кремлив фил по желба – џем, крем, сирење или ајвар – или оставете ги празни, па завиткајте ги во кифлички и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

На крајот, премачкајте ги кифличките со изматена жолчка и посипете ги со сусам. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.

ФОТО: ДОБРА ХРАНА