Почетна ЕкономијаВистиномер: Лажна изјава на заменик-министерката за европски прашања се споделува како вистинита

Вистиномер: Лажна изјава на заменик-министерката за европски прашања се споделува како вистинита

од nenad
1 минути читај за

Table of Contents

Вистиномер анализира објава на социјалната мрежа Тредс во која се споделува фотографија од заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков со нејзина наводна изјава.

Од денес, па во наредните десет денови, на покана на претседателот Доналд Трамп, а во придружба на проф. Д-р Христијан Мицкоски ќе присуствувам во Вашинготн, САД. Целта на мојата посета е да се борам за евроинтеграцијата на Република Северна Македонија и да ја ширам македонската вистина пред нашите американски пријатели, пишува на фотографијата споделена во објавата.

Во описот на самата објава има коментар:

Колку што знам Брисел не е во САД!

Вистиномер провери на профилите на Викторија Трајков на социјалните мрежи на Инстаграм и Фејсбук, но не успеавме да најдеме објава со ваква изјава. Поради тоа ѝ се обративме директно на заменик-министерката која кратко ни изјави дека станува збор за лажна вест и дека таа таква изјава не дала. По ова, Трајков реагираше и на социјалните мрежи. На нејзиниот Инстаграм-профил таа во стори ја сподели фотографијата од објавата што е предмет на нашата анализа и до неа напиша „фејк њуз“ (лажна вест).

Трајков реагираше и на својот Фејсбук-профил.

НЕИНВЕНТИВНО И БЕДНО! Замолувам новинарите и пошироката јавност да не потпаѓаат под влијание на неинвентивната политичка хајка која се шири веќе извесно време со мојот лик. Јас ќе продолжам посветено да работам и за тие што ме навредуваат Македонија да стане подобро место за сите нас и за нашите деца и идни генерации! Со чист образ и гордо крената глава! Со цел мој капацитет и мојот научен и дипломатски интегритет! Тоа е формулата да успееме да одиме напред! Македонија пред се и над се!, напиша таа.

Поради сето ова, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистина.