Почетна ПопуларноПочина командантот на Азов, во јавноста не се откриваат детали

Почина командантот на Азов, во јавноста не се откриваат детали

од nenad
1 минути читај за

Командантот на првиот баталјон на украинската единица „Азов“, Олех Мудрак почина по шест месеци во руско заробеништво и преживена експлозија во логорот Оленивка, потврди преку „Инстаграм“ неговиот братучед Данило, но не ја откри причината за смртта.

Мудрак беше ослободен од руско заробеништво во септември минатата година.

„Украинска правда“ потсетува дека Мудрак го бранеше Мариупол уште во 2014 година, а учествуваше и во жестоки борби за челичарницата „Азовстал“ по почетокот на руската инвазија на Украина. Руските сили го фатија откако украинските сили го напуштија Азовстал, а во септември беше вратен во Украина како дел од размена на затвореници.

Веста за смртта на Мудрак на Твитер ја објави Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи. Заедно со изразите на сочувство, тој прикачи и фотографија на која се гледа Мудрак пред и по руското заробеништво.

Инспирирано од: infomax.mk