Јелена Розга и Иван Хуљиќ ја обновија љубовната врска пред повеќе од една година, па далеку од очите на јавноста уживаат во својата романса.
Домот на пејачката зрачи со топлина, а се гледа дека е полн со светлина. Јелена Розга специјално го украси за време на празниците, за да може да ужива со најблиските.
Се потрудила да го украси секое ќоше, па и самата била во новогодишното издание, а тука е и нејзиното куче кое има свое место за одмор.
Поврзани објави
Иако се трудеше својот приватен живот да го држи подалеку од очите на јавноста, познато е дека хрватските медиуми пред десетина години пишуваа дека тие двајца се повеќе од пријатели, но таа врска потоа заврши поради големата разлика во години, сепак, сега тие емоции беа обновени.
Двајцата криеле дека се повторно заедно, но Курир објави дека минатото лето биле фотографирани додека се шетаат во Будимпешта.
Фото: Инстаграм Принтскрин https://www.instagram.com/rozgajelenaofficial/?hl=en