Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков упати честитка до сите православни македонски граѓани по повод големиот христијански празник Богојавление -Водици.
“ Посакувам мир, здравје и благосостојба во секое македонско семејство. Нека овој празник, кога ги осветуваме нашите води, ни даде можност да посветиме почит и внимание кон нашите семејства, нашите соседи и нашите пријатели, свесни дека сплотени можеме да се справиме со сите предизвици и искушенија. Нека ни е честит овој голем христијански празник”- се вели во честитката од ЗМЕП Трајков по повод денешниот празник.