Почетна Македонија(ВИДЕО) НОЛЕ Ѝ ЈА ПОСВЕТИ СВОЈАТА ПОБЕДА НА ПРЕГАЗЕНАТА СТУДЕНТКА ВО БЕЛГРАД Доби и понуда за брак од еден обожавател

(ВИДЕО) НОЛЕ Ѝ ЈА ПОСВЕТИ СВОЈАТА ПОБЕДА НА ПРЕГАЗЕНАТА СТУДЕНТКА ВО БЕЛГРАД Доби и понуда за брак од еден обожавател

од nenad
1 минути читај за

Инаку, студентката вчера беше прегазена во текот на студентските блокади во градот. По немилиот настан кој се случи вчера, на социјалните мрежи почна да се споделува видео на кое возач поминува со автомобилот низ толпата и удира девојка која стои на тротоарот. Девојката заврши на покривот на автомобилот, од каде што се преврте и падна на улица. Таа потоа беше однесена на Ургентниот центар во Белград, со сериозни повреди, а полицијата набргу успеа да го пронајде возачот кој избега од местото на несреќата. Инаку, Новак ги сподели првите впечатоци за мечот во интервју на теренот со Андреа Петковиќ. – Беше жешко. Се обидував да останам смирен и да се изразувам дипломатски. Резултатот е изненадувачки, добив во 3 сета, се борев физички со себе, но успеав да ја подобрам играта и сервисот ме служеше. Во третиот сет ја играв својата игра. Ова е најдобриот меч кој сум го одиграл – рече Новак. Тој потоа се осврна на неговите физички проблеми кога беше побарал медицински тајмаут. – Се обидував да дојдам до здив, имав проблеми, немам веќе 19 години – рече Новак, по што Андреа му даде комплимент дека изгледа како да има 19 години. Eден навивач викнал „Омажи се за мене“. – Извини, другар, имам жена. Можеме да одиме на пијалак. Можеби веќе си испил неколку. Тој и јас одиме подоцна во четвртиот сет – се пошегува Новак со навивач кој очигледно беше „под влијание”.