Српскиот претседател Александар Вучиќ во моментов е во Абу Даби каде се одржува големиот светски саем на оружје и воена опрема. Вучиќ ги посети српските компании на саемот, а потоа тргна во обиколка на останатите штандови, па ги посети и хрватските компании.
Вучиќ: Хрватите имаат одлична војска, но нашата е малку подобра (ВИДЕО)
Српскиот претседател Александар Вучиќ во моментов е во Абу Даби каде се одржува големиот светски саем на оружје и воена опрема. Вучиќ ги посети српските компании на саемот, а потоа тргна во обиколка на останатите штандови, па ги посети и хрватските компании.
„Добар ден и среќна работа“, ги поздрави во минување Вучиќ претставниците на хрватската воена индустрија во Абу Даби, истакнувајќи дека „хрватската индустрија е одлична“. „Во шок се Хрватите затоа што ги поздравив“, додаде Вучиќ.
„Хрватите имаат одлична војска и одлична воена индустрија и јас тоа го почитувам… А ние малку подобра. Ѓаково некогаш беше најдобрата фирма. Имаат одлична војска и многу вложуваат, а на нас останува да не бидеме послаби“, кажа српскиот лидер.
Vučić o hrvatskoj vojnoj industriji pic.twitter.com/wHw9rRBgnf
— Pluton (@Pluton45873221) February 20, 2023