Table of Contents
Ако сакате да го усовршите вашиот моден израз и да бидете автентични, применете ги советите на модерните жени над 40 години
Ако побарате инспирација од омилените блогерки и инфлуенсерки кои се во своите 40-ти години, ќе забележите дека некои модни совети се повторуваат. Да, овие стајлинзи совршени им прилегаат на дамите во 40-тите, но всушност, функционираат за секоја возраст. Во продолжение ви ги пренесуваме советите на инфлуенсерките кои знаат како да се облечат модерно во своите 40-ти, 50-ти и 60-ти години и кои претставуваат вистинска модна инспирација.
Добриот крој е безвременски
Постои причина зошто добриот крој може да направи да се чувствувате неверојатно. Притоа, блејзерот е клучен, без разлика дали го носите во костим или во комбинација со здолништа и фустани. Добро скроениот блејзер може да го унапреди секој стајлинг. Вложувањето во квалитетен, класичен блејзер е паметен избор, бидејќи ќе го носите со години.
Монохроматските црни комбинации изгледаат поскапо
Постои нешто мистериозно кај црниот стајлинг. Елегантна, префинета и ненаметлива, црната е одличен избор кога сакате да изгледате средено со минимален труд. Па ако е доволно добра за Коко Шанел, кои сме ние да противречиме?!
Инвестирајте во безвременска јакна
Поседувањето безвременски парчиња, како волнен капут и тренч-мантил, е најпаметната инвестиција што можете да ја направите сезонава. Со оглед на тоа што е зима, тексас-јакните можеби не се најдобриот избор, но штом ќе се појави сонцето, слоевите облека полека се намалуваат, а многу инфлуенсери веќе ја имаат разоткриено сестраноста на лесните јакни.
Поврзани објави
Играјте си со текстурите
Една од најлесните стилски дилеми што треба да ја решите е како да го истакнете едноставниот стајлинг и да го направите посебен. Одговорот гласи: воведете различни текстури. Комбинирајте неочекувани материјали, додајте интересен детаљ. На пример, носете убави џемпери со сатенски здолништа или твид-јакни со џинс – што било во кое се чувствувате и изгледате добро.
Предимензионираните модели секогаш изгледаат подобро
Големи ракави, големи здолништа, големи надраменици и цврст став… Со текот на годините, самодовербата се зголемува, а тоа најдобро доаѓа до израз во предимензионирани фустани, здолништа, јакни и џемпери кои даваат доза на ексцентричност. А ако не се чувствувате потполно сигурно, глумете за да го постигнете тоа.
Не можете да не одите малку поисправено во голем фустан со моќни „раменици“. Модерно и истовремено удобно, предимензионираните парчиња се тајното оружје на некои од најмодерните жени и секој би требало да има неколку такви парчиња во својот гардеробер.
ФОТО: Unsplash, Pixabay