Меланија Трамп овој пат го испочитувала кодексот на облекување
Меланија Трамп, заедно со сопругот Доналд Трамп, се појавила на државниот погреб на 37. американски претседател Џими Картер, кој починал на 29 декември. Најдолговечниот американски лидер ќе почива во близина на својата куќа покрај Розалин Картер.
Овој пат, идната прва дама, која наскоро ќе се врати на тронот, се појавила во црн стајлинг од глава до петици.
Одбрала црн комплет, салонки и чанта во истата нијанса, а била дискретно нашминкана.
Поврзани објави
Меланија се појавила на погребот цврсто држејќи го за рака својот сопруг Доналд Трамп, па се чинело дека се поблиски од кога било претходно, што сите ги изненадило по приказните дека нивниот однос се оладил и дека веќе не се сакаат исто како претходно.
Во странските медиуми постојано се пишува дека Меланија одбегнувала да се појавува со сопругот во јавност, како и дека знаела да го понижи пред сите. Но изгледа дека сега сите несогласувања се зад нив и дека повторно стануваат моќен тандем што ќе владее со Америка.
Но на погребот на сопругата на Картер, која починала во 2023 година, Меланија била единствената која не се појавила во црнина на службата во црквата Глен Меморијал во Атланта. Иако изгледала пристојно во сив капут до колена, јавноста ѝ замерила поради тоа.
ФОТО: Принтскрин Инстаграм