Почетна МакедонијаГаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

од nenad
1 минути читај за




Претседателот на Собранието, Африм Гаши до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.

– Почитувани граѓани од православна вероисповед, Во името на Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божиќ. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг, наведува спикерот на Законодавниот дом во честитката                                                                        Посакува овој празник да донесе мир, хармонија и радост во срцата на сите верници.                            – Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас. Честит Божиќ!, посочува Гаши во честитката.