Почетна ЕкономијаФилипче: Да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина 

Филипче: Да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина 

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до православните христијани во земјава кои денеска го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик.

– На овој најрадосен празник за веста на раѓањето Христово, на сите граѓани кои го слават празникот им посакувам искрени желби за здравје, среќа и благосостојба.

Бадник не потсетува дека токму сега е време да бидеме сè поблиски, посложни и поединствени, вели тој во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.

Нека трпезата биде исполнета со љубов, смеен мир, а срцата со радост и надеж за поубави денови, вели Филипче.

– На овој ден да ја споделиме радоста со нашите најблиски и да покажеме дека заедно можеме да создадеме подобра иднина и поперспективно општество за сите нас.

Нека е за многу години денешниот празник Бадник!, вели Филипче во честитката. фф/бак/Фото: ФБ на Венко Филипче .

Извор: МИА