Почетна Убавина и здравјеДали би ја препознале? Вака изгледала Ана Бекута како тинејџерка (ФОТО)

Дали би ја препознале? Вака изгледала Ана Бекута како тинејџерка (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Фолк ѕвездата е многу активна на социјалните мрежи каде често со своите следбеници споделува фотографии од помладите години…

Ана Бекута во последните години делумно се повлече од јавниот живот. На градските манифестации се појавува само ако има причина за тоа, како и на концертите на нејзините колеги, додека се уште е редовен член на жирито на музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд.

Сепак, таа е активна на социјалните мрежи каде често споделува фотографии од младоста. Пејачката еднаш се присети на тинејџерските денови и на својот Инстаграм профил објави фотографија од 1974 година на која позира со пријателка. А потоа една каде што е со двајца школски другари.

printskrin Instagram/Ana Bekuta

„Младост и убавина“, „Секогаш убава!“, „Дама не се станува, дама се раѓа“, се само дел од коментарите.

Зборувајќи за своето воспитување, Бекута откри дека е родена во уметничко семејство, но дека како мала не сонувала да стане пејачка.


Поврзани објави

printskrin Instagram/Ana Bekuta

Како дете не сонував за оваа професија и живот. Родена сум во уметничко семејство, мојот покоен татко свиреше на флејта, а исто така и моите чичковци. Татко ми ме запозна со музиката бидејќи беше свесен за мојот талент. Беше задолжително да знаевме да играме оро, па дури пота дојде редот на пеењето. Како дете бев многу срамежлива и тоа беше причината поради која не сонував да станам пејачка“ – изјавила пејачката еднаш за време на гостувањето во една емисија.

printskrin Instagram/Ana Bekuta

Фото: printskrin Youtube/TOXIC TELEVISION
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: