Почетна ЕкономијаВуко Милов: Денес положивме свежо цвеќе по повод 82 години од убиството на Страшо Пинџур, македонски комунист, учесник во НОБ

Вуко Милов: Денес положивме свежо цвеќе по повод 82 години од убиството на Страшо Пинџур, македонски комунист, учесник во НОБ

од nenad
1 минути читај за




Денес положивме свежо цвеќе по повод 82 години од убиството на Страшо Пинџур, македонски комунист, учесник во НОБ. Страшо Пинџур е роден во Ваташа на 3 март 1915 година.
Како напреден студент, активно се вклучува во друштовото на напредните македонски студенти „Вардар“, а станува и член на Акциониот студентски одбор.

Во летото 1939 г. во Кавадарци, по негова иницијатива, заедно со Ристо Михов и Ѓошо Бојаџиев, ја обновуваат работата на Комунистичката партија. По завршувањето на Правниот факултет неговата активност како револуционер уште повеќе се зголемува. Бил будно следен од полицијата и повторно е уапсен во истиот затвор. Во еден обвинителен акт е заведен дека работел како адвокатски приправник во Струмица. Пред самата окупација, Страшо бил пуштен на слобода.
По окупацијата на Македонија, Страшо Пинџур станал член на Покраинскиот комитет како инструктор, а од јуни 1942 г. бил член на Главниот штаб на НОВ.

На 19 декември 1942 година фашистичкиот окупатор ги заробува Мирче Ацев и Страшо Пинџур.
Намерата им била да ги посетат партизанските одреди и партиските организации во Велешко и Прилепско. Сосема случајно биле уапсени на 19 декември 1942 во Велес. Од Велес биле пренесени во злогласниот Скопски полициски затвор, каде биле мачени и убиени.Слава му!