Косовскиот премиер Албин Курти, во рамки на учеството на Конференцијата за безбедност во Минхен, се сретна со генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток, со кого разговараше за борбата против организираниот криминал, корупцијата и заложбата за владеење на правото.
Курти рече дека Косово е посветено на владеењето на правото и одржливиот економски и социјален развој.
„Премиерот Курти го информираше секретарот Сток за успесите постигнати во борбата против криминалните групи и организираниот криминал во последните две години и за плодната соработка со земјите и организациите партнери во борбата против транснационалниот организиран криминал“, се вели во соопштението.