Ви ја пренесуваме исповедта на една жена која ѝ дозволила на свекрва ѝ да ѝ помогне околу средувањето на новата куќа, но набрго се покајала поради таа одлука
Жената го опишала своето искуство на Редит, каде што ги прашала другите корисници дали сметаат дека постапките на нејзината свекрва се непримерни.
„Јас и сопругот штотуку ја купивме нашата прва заедничка куќа и бевме возбудени што ќе ја уредуваме заедно, но тој многу патува поради работата, а веќе ни стигна новиот мебел“, напишала жената која потоа открила дека свекрвата се понудила да помогне.
Таа се согласила но по неколку часа се шокирала кога видела дека еден од ѕидовите бил полн со врамени слики.
„Тоа не е главниот проблем, бидејќи сето тоа беа слики од неговото детство, од матура, родендени… Но потоа ја видов најголемата врамена фотографија од мојот сопруг и неговата поранешна сопруга на денот на венчавката…“, напишала таа.
Додала дека свекрвата ја обожавала својата поранешна снаа, постојано ја споменувала, а ја вклучувала и во семејните собири и празници.
Поврзани објави
„Веднаш ја нападнав и ја прашав зошто, по ѓаволите, ја ставила таа слика на ѕидот и дали мисли дека тоа е во ред. Ѝ кажав да ја извади. Таа ми одговори дека тоа е дел од неговиот живот што јас не можам да го избришам“, напишала таа.
На крајот, караницата кулминирала така што ја исфрлила свекрвата од куќата, но таа потоа почнала да ѝ испраќа пораки дека е љубоморна и огорчена. Веднаш му се јавила на синот и му испратила порака во која напишала дека веќе нема да доаѓа во нивната куќа, а тој ѝ кажал на сопругата дека неговата мајка најдобро знае и дека има право да се лути.
„Се обиде да ме убеди да ѝ се јавам и да ја укинам забраната, но одбив. Ми кажа дека не сум можела сама да донесам таква одлука во нашата куќа“, напишала таа, но повеќето корисници на Редит се согласиле со неа дека постапките на свекрвата биле апсолутно непримерни.
„И јас би ја исфрлила“, напишала една жена.
Како би постапиле вие?
ФОТО: Julien L / Unsplash