Почетна Убавина и здравјеТрадиционален посен колач совршен за Свети Никола – Убавина и здравје

Традиционален посен колач совршен за Свети Никола – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Посен колач што се приготвува полесно од баклава

Состојки:

За шербетот:

  • 250 мл вода
  • 500 г шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 лимон, исечкан на кругови

За тестото:

  • 250 мл вода
  • 250 мл масло
  • 400 г брашно
  • 200 г ореви
  • 1/2 кесичка прашок за печиво


Поврзани објави

Приготвување:

Најпрво, пригответе го тестото. Проварете вода и масло, па кога ќе зоврие, ставете брашно и прашок за печиво. Мешајте и додавајте смеса додека сето тоа се соедини. Тргнете ја смесата од рингла и оставете ја да се олади.

Потоа, во оладената смеса ставете 200 г ореви. Измешајте убаво, па распоредете ја смесата во тепсија (тестото треба да е со дебелина на малиот прст). Пресечете на коцки по желба и печете околу 30 минути на 200 степени.

Оладениот колач прелејте го со врел шербет.

ФОТО: Принтскрин Јутјуб