Мајката на Наташа Беквалац слави роденден.
Пејачката Наташа Беквалац одамна нема партнер, но љубов не ѝ недостига, бидејќи постојано е опкружена со членовите на нејзиното големо семејство. Покрај децата и сестрите, мајката на Наташа Бекавалац е таа која секојдневно ја опсипува со несебична љубов.
А колку ѝ значи мама Мира на Наташа, може да се види од зборовите што ѝ ги испрати преку својот инстаграм-профил.
Мајката на пејачката славеше роденден, а по тој повод Наташа објави нивна заедничка фотографија со зборови полни љубов.
Поврзани објави
Мамо, среќен ти роденден! Сè што сум во животот, но и што не сум, ти го должам тебе. Благословена сум и толку горда што те избрав тебе да ми бидеш мајка. Знам зошто. Сакам да го живееш животот што мислиш дека е најдобар за тебе, ти благодарам што го разбираш мојот. Те сакам, ти си мојот темел, најдобрата мајка на светот. Ти си мојата мајка – најубавата бајка. Верувам во бајки.
Фото: Инстаграм