Почетна ЕкономијаЛИДЛ ПРИСТИГНУВА ВО УШТЕ ЕДЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА: Градоначалникот гордо ја најави инвестицијата

ЛИДЛ ПРИСТИГНУВА ВО УШТЕ ЕДЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА: Градоначалникот гордо ја најави инвестицијата

од nenad
1 минути читај за

Градоначалникот на Велес, Марко Колев објави дека еден од најпознатите синџир на маркети, Лидл ќе биде отворен и таму, со што Велес официјално е седмиот град во Македонија каде е најавено неговото влегување. -Изминатава година напорно работевме за завршување на сите потребни административни процедури кои завршија денес со усвојување на седницата на Советот на Општина Велес, со што овој светски познат бренд на маркети ќе може да ја направи својата инвестиција во Велес.

 

 

Оваа инвестиција ќе значи нови вработувања и придвижување на локалната економија. Продолжуваме посветено!, соопшти градоначалникот на Велес, Марко Колев на ФБ. Покрај Кавадарци, Битола, Штип и Гази Баба (Скопје), ЛИДЛ официјално купил парцели во Тетово и Кичево. Маркетот во Велес е седми од најавените маркети на ЛИДЛ во Македонија.