Почетна ТехнологијаЉубителите на вино викендов ќе можат да го посетат салонот Винодонија

Љубителите на вино викендов ќе можат да го посетат салонот Винодонија

од nenad
1 минути читај за

Овој салон има за цел да ја подигне винската свест и да ја поттикне културата на вино кај македонските потрошувачи  -Повеќе од 500 вина од 70 винарии од Македонија и странство ќе бидат изложени на најновото издание на Винодонија  што ќе се одржува на 13 и 14 Декември во хотелот „Мериот“ во Скопје. Овој салон има за цел да ја подигне винската свест, да ги зближи љубителите на виното со најдобрите производители и да ја поттикне културата на вино кај македонските потрошувачи. Освен извонредниот избор на вина, дел од Винодонија годинава ќе бидат и над 15 изложувачи кои ќе презентираат деликатеси што се надополнуваат со виното. Проект-менаџерот на Винодонија 2024, Дејан Донев, вели дека оваа манифестација е платформа за винариите да се претстават пред винската публика, која вклучува гости од ХоРеКа секторот, угостители и љубители на виното и шанса за сите учесници да создадат нови контакти и да ги прошират своите пазари. Посетителите ќе имаат можност да учествуваат и во едукативни активности како седум мастер класи и работилници водени од светски и домашни вински експерти.