Почетна МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДС да зборува за стандардот на граѓаните 

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДС да зборува за стандардот на граѓаните 

од nenad
1 минути читај за

Лицемерно е од СДС да слушаме неосновани критики за стандардот на граѓаните. СДС седум години не им текнуваше за стандардот на граѓаните, туку се интересираа за тендери за да го пополнат својот, а испразнат џебот на граѓаните.  СДС зборува за стандардот на граѓаните, а не можеа да обезбедат плати на вработените во Национални шуми и АД Водостопанство со месеци.

Лицемерно е СДС да зборува за животниот стандард, а токму тие, наместо да го подобрат животот на граѓаните, секојдневно бевме сведоци на протести од скоро сите синдикати и претпријатија во државата. Инфлацијата во време на СДС беше двоцифрена, а платите ниски, додека сега, инфлацијата е 3,5% и платите се зголемуваат.

На СДС во нивниот мандат не им паѓаше на памет да го подобрат стандардот на граѓаните, туку да работат во интерес на Заев и фирмите блиски до него.  Потрчкото на Заев, Филипче, ако толку е загрижен за граѓаните, ќе успееше во тоа.  Наместо да прави проценти од договори за вакцините и да не се даваше вода наместо физиолошки раствор на граѓаните во болниците, граѓаните ќе имаа подобро здравсто.   Заврши времето на “како до сега”. Доаѓаат подобри и поквалитетни времиња, во интерес исклучиво на граѓаните.