Јелена Томашевиќ призна дека музиката на одредени уметници почнала да ја слуша благодарение на нејзината ќерка Нина.
Пејачката се појави на настан во српската престолнина, а со насобраните новинари, зборуваше за својот концерт и за нејзината ќерка Нина.
Се подготвувам за концертот, подготовките се веќе започнати, но само психички. Со оглед на тоа што концертот е дури на 14 март, пробите ќе започнат во февруари. Најавив порано, бидејќи до крајот на годината и на почетокот на следната има многу концерти. Затоа подобро да се најавите порано и да влезете во таа подготовка отколку подоцна“ – изјави Јелена Томашевиќ и додаде дека би сакала нејзиниот брат да и биде гостин.
Според неа, таа ужива да слуша радио додека вози, а исто така многу ја радува кога ќе слушне една нејзина песна, особено нова. Јелена признава дека нејзината ќерка Нина често и кажува да ја смени станицата..
Поврзани објави
Тоа се годините, тинејџерка е. Слуша и локална музика, но повеќе слуша странски пејачи. Таа ми откри и некои и пријатно сум изненадена од нејзиниот музички избор. Завршува нижо музичко училиште, можеби тоа има врска, а можеби и самата нејзината околина во која се движи. Таа избира што слуша и тоа ми се допаѓа“ – вели Јелена.
Фото: printskrin Youtube/Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: