„Изразуваме искрено сочувство до семејствата“.
Пејачот Мирза Селимовиќ го откажа концертот што требаше да го одржи на 6 декември во Босна и Херцеговина.
Поради трагедијата во која загинаа тројца тинејџери, Мирза се огласи на социјалните мрежи.
Поради трагичната загуба на три животи во Брчко, го одложуваме концертот на отворено што требаше да го одржиме во петок, на 6 декември во 2024 година, концертот ќе биде преместен за јануари, а за точниот датум ќе ве известиме наскоро“ – рече Селимовиќ, а потоа им се обрати на семејствата на загинатите:
„Изразуваме искрено сочувство до семејствата“.
Да потсетиме, вчера се случи страшна сообраќајна несреќа на патот Брчко-Черик во која животот го загубија три лица, К.Г. (22) и нејзините браќа С.Г.(19) и И.Г. (16).
Поврзани објави
Како што пренесуваат тамошните медиуми. К.Г. наводно вчераутро отишла на работа и ги одвела браќата до училиште, а до трагедијата дошло кога две возила директно се судриле.
Автомобилот во кој настрадаа членовите на семејството од силината на ударот излетал од патот и завршил во канал, а кога пристигнала екипа на итната помош тие не давале знаци на живот.
Возилата се згмечени, а пожарникарите интервенирале на местото на настанот, кои ги сечеле остатоците од возилата и ги извлекувале телата на настраданите.
Фото: printskrin Youtube/PRINC Planet TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: