Во наредните десет дена сите заинтересирани кои ги исполнуваат критериумите објавени во конкурсите можат да си ја „пробаат среќата“ и да аплицираат за прв човек на „Комунална хигиена“, на „Водовод и канализација“ или на „Паркови и зеленило“. Во огласите е наведено дека директорите ќе се избираат со мандат од 4 години, ама праксата во изминатите три години покажа дека и покрај објавените конкурси, ретко кој од назначените директори останал на функцијата барем една година.Досега низ јавните претпријатија и установи продефилираа најмалку 30 директори, а во моментот не постои граѓанин кој може да именува некој од актуелните поради брзината со која се менуваат, освен можеби првиот човек на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски, кој поради проблемите со јавниот градски превоз е најекспониран во јавноста.