Почетна Убавина и здравјеКонечно се дозна кој е посреќен по развод – мажите или жените? Експертите се едногласни, нема дилема!

Конечно се дозна кој е посреќен по развод – мажите или жените? Експертите се едногласни, нема дилема!

од nenad
2 минути читај за

Дали мажите или жените се посреќни по развод? Еве што велат експертите

Разводот честопати се доживува како тежок и емотивно исцрпувачки процес, но за многу жени тој станува можност за значајни позитивни промени.

Едно истражувањето на Универзитетот Кингстон во Лондон открива дека жените, по разводот, не само што пронаоѓаат нова стабилност туку и постигнуваат повисоко ниво на среќа во споредба со претходните фази од животот, за разлика од мажите.

Среќата трае со години

Едно истражување објавено во списанието „Економика“ покажува дека жените чувствуваат зголемено задоволство од животот и до пет години по разводот. За разлика од мажите, кои бележат благо подобрување, жените покажуваат значително поголеми емоционални придобивки, што ги навело истражувачите на заклучокот дека разводот за многумина претставува излез од несреќниот брак и почеток на ново, поквалитетно животно поглавје.

„Економските предизвици што разводот им ги поставува на жените не го нарушуваат нивното чувство на слобода и задоволство“, објаснува лидерот на истражувањето Јанис Џорџелис, додавајќи дека клучот е во тоа што многу жени лесно се приспособуваат на промените и ги користат како можност за личен развој.

Нова перспектива по разводот

Една од причините за ова емоционално подобрување лежи во способноста на жените да се фокусираат на личниот развој. Наместо да посегнат по нездрави механизми за соочување со реалноста, како алкохол или импулсивно однесување, жените почесто се насочуваат кон интроспекција, терапија и изградба на сопствениот идентитет.


Поврзани објави

Мрежата на поддршка, вклучувајќи ги семејството и пријателите, игра клучна улога. Освен тоа, многу жени по разводот си наоѓаат нови хобија, градат успешни кариера или ги прошируваат социјалните кругови, што придонесува за нивното чувство на исполнетост и благодарност.

Разводот се смета за можност, а не за неуспех

Современите општествени норми сѐ помалку го стигматизираат разводот што дополнително им помага на жените да го гледаат можност за нов почеток. Додека повозрасните генерации честопати го чувствуваат притисокот на општествените очекувања, помладите генерации му пристапуваат на разводот како на природен дел од животниот циклус.

„Сѐ поголем е бројот на жените кои доаѓаат на терапија и го доживуваат разводот како шанса за личен развој, а не како неуспех“, истакнала терапевтката Сузан Пиз Гадуа.

Личен развод и нова енергија

Истражувањата на социологот Пол Р. Амати, потврдуваат дека жените по разводот покажуваат зголемена самодоверба, подобар социјален живот и повеќе професионални можности. Овој период често им дава на жените простор за редефинирање на сопствените вредности и цели, ослободувајќи ги од проблемите што довеле до распад на бракот.

ФОТО: TUREK90 / Pixabay