Почетна Убавина и здравјеБрз рецепт за највкусниот ручек од којшто сите ќе ви бараат репете! – Убавина и здравје

Брз рецепт за највкусниот ручек од којшто сите ќе ви бараат репете! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Ви откриваме рецепт за едно од најубавите јадења за ручек

Овој превкусен ручек се приготвува за миг, а носи многу интересно име: Црногорка во Скопје!

Состојки:
  • 0,5 кг свински шницли
  • 200 мл бело вино
  • 200 г пршута
  • 300 г кашкавал
  • сос бешамел
  • сол, бибер, мешавина од зачини, кари
Приготвување:

Исечкајте ги свинските шницли на мали парчиња. Од една стандардна шницла, исечкајте 4-5 парчиња. Исчукајте ги со чекан за месо и зачинете ги по вкус. Динстајте го месото на малку масло.


Поврзани објави

По пет минути, сипете бело вино така што ќе покриете половина од месото. Внимавајте месото да не плива во вино.

Кога убаво ќе се издинстиаат и ќе бидат доволно меки, наредете ги парчињата месо во плех. Не фрлајте ја течноста што ќе ви остане од месото, туку додајте ја во сосот бешамел.

Кога ќе го наредите месото во плехот, преку него ставете пршута, па кашкавал и прелејте со сос бешамел. Ако ви останат, преку бешамелот можете да расфрлате уште малку ситно сечкана пршута и кашкавал.

Печете не повеќе од десет минути на температура од околу 180 степени. Доволно е кашкавалот убаво да се стопи. По вкус, можете да додадете малку магдонос или оригано одозгора.

Добар апетит!

ФОТО: Eaters Collective / Unsplash