Почетна МакедонијаЈанчев на одбележување на Европската недела за намалување отпад

Јанчев на одбележување на Европската недела за намалување отпад

од nenad
2 минути читај за

Работната недела започна со одбележување на Европската недела за намалување отпад, односно со организација на конференција и саем каде ги обединивме јавните институции, приватниот сектор и академијата во секторот за винарство и лозарство.На конференцијата „Одржливост во производството на грозје и вино во Тиквешкиот регион“ во две панел дискусии, разговаравме за стратегии за управување со органски отпад, квалитетот на производство и важноста на географските ознаки во винската индустрија. Соработката продолжува кон поодржливо производство во лозарството и винарството.Податоците велат дека годишна потрошувачка на ѓубриво во нашата земја изнесува 55.000 тони, а проценките се дека само комињето од Тиквешкиот регион, има потенцијал да произведе 18.000 тони ѓубриво – бројки кои докажуваат дека органскиот отпад претставува непроценлив ресурс, со голем потенцијал за одржлив развој. , изјави Државниот секретар на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-ѓа Даниела Иротова Лазарева.Овогодинешната Европска недела на намалување отпад е со фокус на отпадот од храна , а успехот зависи и од секторот земјоделство, кој пак игра важна улога во отпорноста и митигацијата на последиците од климатските промени . На десеттата средба во рамки на Самитот на Берлинскиот процес, овој сектор беше истакнат како важна област за соработка во насока на европската интеграција на регионот“, изјави амбасадорката Петра Дрекслеp. German Embassy Skopje Долгогодишната соработка со Северна Македонија во лозарството и винарството е резултат на големиот потенцијал за создавање добри практики кои може да се применат и во други сектори. Географските ознаки и брендирањето додаваат вредност на македонските вина , додека напорите за решавање на органскиот отпад преку модели на циркуларна економија овозможуваат конкретни решенија за намалување на отпадот и промовирање на одржливост во соработка со локалните винарии и општините“, истакна Давид Оберхубер, директор на GIZ North Macedonia.Конференцијата, придружена со саем на локални производи изработени од реупотребени материјали, вклучувајќи го и биотпадот, ги презентираше резултатите од проектите „Развој на систем за управување со органски отпад од производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“ и „Географски ознаки за производство на вино“. Проектите се финансирани од Германската Влада, винариите Бовин и Тиквеш, и се имплементирани од GIZ, Center for Research and Policy Making и Wines of Macedonia.Исто така, да им се заблагодариме на општина Кавадарци за соработката и поддршката во проектот, на сите денешни изложувачи на саемот од приватниот, академскиот и граѓанскиот сектор, како и на Бравура кооператива кои од остатоци од текстил изработија држачи за вински чаши. – Митко Јанчев, Градоначалник на Кавадарци.