“Целта е да изградиме стабилен, одржлив и развоен раст на државата, кој ќе ја носи нашата земја во еден нов економски правец, со јасен фокус на реализирани и видливи капитални инвестиции кои ќе го зголемат бруто домашниот производ во Република Македонија“, рече Бојковска. Бојковска посочи дел на распределбата на средствата за предлог буџетот за 2025 година.
„Заштитата на животната средина бележи значително зголемување од 44,4% за управување со отпад и намалување на загадувањето, со износ од 6,4 милијарди денари. За функцијата одбрана се зголемени исто така за 13,7%, додека средствата за јавен ред и мир се зголемени за 11,3% и достигнуваат 23,6 милијарди денари. Во здравството има планирани 57,4 милијарди денари, кои се за 4 милијарди повеќе во споредба со буџетското планирање во 2024 година. Со овој буџет повисоки плати ќе има и за здравствените работници, кои мора да ги задржиме во Македонија. Најавуваме комплетен рестарт на ресорот здравство, бидејќи 7 години имавме трул здравствен систем“, рече Бојковска.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ