51
Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ требаат оружје за заштита од рускиот терор и посилна поддршка од светот за да стане дипломатијата реална и силна.
Неговата изјава е во контекст на рускиот ракетен напад врз Криви Рог, во Днепропетровскиот регион, во кој беа повредени осум лица, меѓу кои и две деца, и беше уништен влез на петкатница. Зеленски истакна дека Руската Федерација „го врши истиот терор секој ден и ноќ. Освен тоа што сѐ поголем број цивилни објекти стануваат мети“. Претседателот пријави седум жртви како резултат на ракетниот напад на Криви Рог, меѓу кои и две деца.
- „Во тек е итна спасувачка операција, се прават максимални напори да се спасат животи. Можно е да има луѓе под урнатините“, рече Зеленски. Канцеларијата на украинскиот јавен обвинител веќе пријави осум жртви, меѓу кои и 10-годишно девојче и 11-годишно момче. Поведена е предкривична истрага за прекршување на законите и обичаите на војната.