Јуле Новак е релативно ново музичко име на македонската музичка сцена, која пред неколку дена ја објави својата нова песна “Злато” и истата наиде на позитивни критики од публиката.
Јуле се потпишува како комплетен автор на песната, односно музиката, текстот и аранжманот се лично нејзини, додека мискот и мастерингот се на Нино Придаенкоски.
За “Злато” Јуле сними и видеоспот кој го режираше нејзиниот колега-музичар, Александар Спасенцовски.
“Се радувам што пред неколку дена беше премиерата на “Злато”. Ова е песна на која работев долго време и максимално се посветив. Се надевам ќе и се допадне на публиката, а во блиска иднина ветувам уште многу музика од мене” – истакна накусо младата пејачка.
Поврзани објави
Инаку Јуле своето прво јавно претставување го имаше пред две години кога учествуваше, а потоа и се пласираше во финалето на музичкото онлајн талент-шоу “Заблескај”.
Како што кажавме погоре, плановите на Јуле се големи, таа планира активно да се занимава со музика и во иднина, а не ја исклучува можноста да ја видиме и на некој од нашите фестивали.
А, сега погледнете го спотот за “Злато”: