Павловиќ се огласи на својот Инстаграм профил и во таа прилика истакна дека е длабоко потресена од трагедијата што се случи вчера…
Пејачката Милица Павловиќ на својот Инстаграм профил се огласи за несреќата што се случи вчера во Нови Сад, каде 14 лица го загубија животот пред железничката станица, кога врз нив се урна настрешницата, т.е. голема бетонска конструкција.
Поради трагичниот настан популарната пејачка реши да го откаже вечерашниот настап во Луксембург.
Драги мои, се јавувам од Луксембург, не знам ни што да кажам, страшно сум потресена од целата оваа ситуација што ја снајде нашата земја и како сите вас. Скролам низ вестите, читам цело време и длабоко се сочувствувам со оние што ги изгубиле своите најблиски. Имам некоја човечка потреба да го снимам овој клип и да ви кажам дека пристигнав во Луксембург, но навистина не можам… И мислам дека следните два дена на никој нема да му се свири или пее. Не можам да настапам вечерва, затоа им се извинувам на сите што купија билети, наскоро ќе го објавиме новиот датум“ – изјави Милица.
Поврзани објави
Потоа додаде:
Уште еднаш со целото мое срце сум со семејствата кои ги загубија своите најблиски. Верувајте, во овие ситуации не можам ни да најдам адекватни зборови да си се обратам“ – изјави Милица Павловиќ.
Фото: printskrin Youtube/Nezavisne novine
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: