Џесика Алвес изгледа дека нема јасна визија како сака да изгледа, па по петти пат легнала под нож
Џесика Алвес ја напуштила болницата во Турција со морничав израз на лицето. Но изгледа дека нејзе ѝ се допаѓа резултатот што го добила по операциите за затегнување, лифтинг, ботокс, усни, за намалување носот и што уште не.
Џесика претходно има изјавено дека филерите толку ѝ се раствориле што кожата ѝ виснала на сите страни:
„Можев да повлечам 10 сантиметри од кожата со два прста.“
Поради тоа, отишла во Турција, каде што го затегнала лицето толку многу што очите и се целосно искосени.
Поврзани објави
Џесика открила дека потрошила повеќе од милион фунти на повеќе од 100 процедури, за да добие поприроден изглед во Турција.
„Се чувствувам супер и не планирам да правам нови процедури“, изјавила Џесика, која е родена како маж и долги години правела пластични операции за да личи на куклата Кен.
„Имав чувство дека кожата ќе ми испадне. Беше многу еластична, како гума, па докторот успеа да ми отстрани 5 сантиметри кожа“, открила таа.
Џесика сега смета дека пластичната хирургија ги прави луѓето постари и дека не може да се прекине тој маѓепсан круг на повторно разубавување.
„Повеќето од нас што сме ставиле филери во лицето пред 10 години, сега мораме да ги вадиме, бидејќи тие се распаѓаат“, рекла Џесика и додала дека филерите прават лицето да изгледа постаро:
„Изгледаме тркалезно и отечено! Сите жени на мои години, како Ким Кардашијан и Кристина Агилера, сите ние имаме ист израз на лицето што сме го добиле со вбризгување на овие филери пред 20 години. Но сето тоа ги деформира цртите на нашето лице, па сега изгледаме постаро“, признала таа.
ФОТО: Јутјуб, Инстаграм