Почетна МакедонијаВИДЕО: Крвава одмазда на Турција врз курдските милитанти во Сирија и Ирак по терористичкиот напад во Анкара

ВИДЕО: Крвава одмазда на Турција врз курдските милитанти во Сирија и Ирак по терористичкиот напад во Анкара

од nenad
1 минути читај за




Турција продолжува со воздушните напади врз курдските милитанти во Сирија и Ирак, откако власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган ја прогласи Курдистанската работничка партија (ПКК) за одговорна за вчерашниот терористички напад на седиштето на државната компанија „Турски воздупловни индустрии“ во Анкара, во кој загинаа петмина луѓе, а десетици беа повредени.

Националната разузнавачка служба на Турција соопшти дека воздушните напади биле насочени кон голем број на „стратешки локации“ користени од страна на ПКК. Вчера турските воздухопловни сили извршија воздушни напади врз слични цели во северна Сирија и северен Ирак, неколку часа откако владините претставници ја обвинија ПКК за смртоносниот напад врз седиштето на воздухопловната и одбранбената компанија ТУСАС.

Министерот за одбрана Јашар Ѓулер денеска изјави дека во воздушните напади вчера биле уништени 47 цели на ПКК, од кои 29 во Ирак и 18 во Сирија. Од ПКК нема реакција во врска со нападите.