Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи.
„Мартимекс“ подарува крем за нега на кожата околу очите Teaology Matcha Tea.
Станува збор за нова подобрена формула, која видливо дејствува на знаците на замор, подуеност и темни кругови околу очите благодарение на офталмолошкиот апликатор за потаргетиран и ефективен третман.
Овој мек крем-гел сега е збогатен со тројна доза на витамин Ц, суштинската молекула за младешка кожа. Магнезиум аскорбил фосфат (МАП), една од најстабилните форми на витамин Ц, и ацеролата, овошје со најголем процент на витамин Ц со антиоксидантно и антиејџинг-дејство, се искомбинирани со инфузијата од чајот мача за да му се спротивстават на оштетувањето предизвикано од слободните радикали и изложувањето на сонце.
Високата антиоксидантна моќ на инфузијата од органски чај од Matcha дејствува на производството на колаген со реструктуирачки лифтинг-ефект, а кофеинскиот концентрат стимулира елиминација на течностите, намалувајќи го отокот.
Пептидниот комплекс од новата генерација помага во заштитата од штетните ефекти на сината и дигиталната светлина.
Поврзани објави
Молекуларната хијалуронска киселина и маслото од чај ја навлажнуваат и ја регенерираат кожата, правејќи ја поцврста и посјајна. Мача-зелената текстура е совршена за минимизирање на црвенилото и обезбојувањето на кожата и создава совршена основа за шминка.
Доколку сакате да го добиете подарокот, треба да ја лајкнете нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, објавата да ја споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.
Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата, а сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, кое излегува во ноември.
Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција со приложување лична карта. Исто така, важно е да напоменеме дека учесниците во лавината од подароци мора да бидат полнолетни лица!
Читајте нè! Забавувајте се нас! Ние сме тука заради вашата убавина и здравје!
Текст и фото: ПР