

Делегација на министерството за внатрешни работи деновиве предводена од заменикот министер за внатрешни работи Астрит Исени и помошникот министер за односи со јавност Мухамед Исмаиљи е во посета на реномираниот Саем за одбрана, авијација и вселенска индустрија „САХА Експо 2024“ во Истанбул.Во рамките на саемот, делегацијата на МВР ќе оствари работни средби со претставници на познати турски компании со наменско производство од областа на одбраната и безбедноста и ќе се запознае со најновите технолошки достигнувања на полето на безбедноста и одбраната.
Стратешка определба на новото раководство на министерството е унапредување на процесите како дигитализација на македонската полиција и услугите кои МВР ги нуди кон граѓаните и унапредување на техничко-технолошката опременост со најновите достигнувања во индустријата со цел поефикасна борба со сите видови криминал и унапредување на безбедноста на сите граѓани.На саемот присуствува и делегација од министерството за одбрана предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со Началникот на генералштабот Сашко Лафчиски.