Никогаш немојте да ја изговарате оваа реченица кога имате несогласувања со партнерот
Караниците се неизбежни дури и во најхармоничните врски, но за жал, можат да ги обелоденат најлошите страни кај личноста.
Во такви моменти, многу луѓе кажуваат работи што не ги изразуваат нивните реални чувства или ставови, иако така несвесно му нанесуваат болка на партнерот. Зборовите кажани во афект честопати не се вистинската слика за она што навистина го мислиме, но можат да остават длабоки рани.
Една реченица е кобна
Непријатните караници се решаваат кога партнерите ќе ги оладат главите и ќе се извинат, што им овозможува да продолжат понатаму. Но според психологот доктор Џефри Бернштајн, постои една реченица што е особено штетна и многумина тешко ја забораваат кога ќе ја слушнат, дури и ако по караницата и вообичаеното извинување се чини дека сè е во ред. Според Бернштајн, најлесниот начин да му го скршите срцето на вашиот партнер е да му кажете: „Не ми е гајле“.
Поврзани објави
Партнерот се чувствува помалку вреден
Психологот детално ја појаснил својата теорија.
„Фразата ‘не ми е гајле’ ја намалува важноста на чувствата на другата личност и имплицира дека нејзините проблеми или емоции се неважни. Ако го прекинете разговорот на овој начин, вашиот партнер може да доживее чувство на помала вредност и дистанцираност. Но ако го освестите ова и усвоите подобри комуникациски навики, можете да го одбегнете применувањето на оваа штетна практика“, открил психологот.
ФОТО: Pexels