Голема чест ми претставува што ја добив првата награда на Европската Унија за најдобра истражувачка сторија за скандалот Онкологија. Жал ми е што ваквите морбидни случувања на клиниката ја тресат земјата, но сепак се надевам дека до крајот на годината ќе стигнеме до обвинителен акт, каде ќе одговараат сите оние кои посегнаа по животот на овие пациенти. Оваа награда е посветена на некој кој не е повеќе меѓу нас, а која најмногу би се гордеела со моите успеси. Искрени честитки до сите наградени колеги…
Честитки до сите наградени колеги, годинашна шампионка е Ирена Мулачка