Почетна Економија,Реконструкција и доградба на постоечка надземна мрежа за улично осветлување’ во Кавадарци

,Реконструкција и доградба на постоечка надземна мрежа за улично осветлување’ во Кавадарци

од nenad
1 минути читај за

     

Во склоп на овој проект одделението за улично осветлување при општина Кавадарци, работи на ново улично осветлување на ул. Шишка, во село Марена и на регионалниот пат од Југо Комерц, каде ќе се поставуваат нови енергетско ефикасни светилки со подобра илуминација. Во наредниот период ќе се продолжи и на повеќе од 20 локации во општината, и тоа 562 броја светилки, метални столбови со висина од 5 ,6, 8, 10 и 12 метри вкупно 494 броја, во должина од 13.255 метри. Вкупната вредност на договорот е 65.000.000 денари. Изведувач на работите е фирмата Елмонд Електро Скопје. Кавадарци за сите! Градоначалник Митко Јанчев.