Почетна Технологија90% од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, Мицкоски се кити со туѓи перја

90% од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, Мицкоски се кити со туѓи перја

од nenad
1 минути читај за




Пуштањето во употреба на железничката пруга Куманово-Бељаковце иститoчниот дел од Коридорот 8, е уште еден значаен стратешки инфраструктурен проект кој е потврда за правилните политики  на СДСМ. 90% од изградбата на пругата Куманово-Бељаковце е завршена во периодот на Владата на СДСМ и горди сме што денеска се пушта во употреба. Денешното возење на Мицкоски и половина ДПМНЕ во воз по пругата Куманово-Бељаковце  е уште едно признание за се она што СДСМ го направи во изминатите години. Мицкоски се кити со туѓи перја но сепак добро е што проектот е завршен, тоа е во интерес на граѓаните.

„Пругата наречена надеж“ 28 години тапкаше во место и немаше никакво поместување во делот на изградбата. Благодарение на посветеноста на Владата на СДСМ изградбата започна во октомври 2022 година и сега се завршува.  СДСМ докажа дека кога се има желба, кога се работи посветено и со правилно менџирање на буџетските финансии и ресурси, секоја цел е остварлива.  Овој значаен инфраструктуен проект отвора нови европски рути за железнички превоз, го подобрува регионално поврзување на Македонија со пристаништата во Бургас и Варна во Бугарија и Драч во Албанија, што е од исклучителна важност за македонската економија.

Дополнитлено новата железничка инфраструктура е можност за отворање на пазари за нови инвестиции, за нови соработки меѓу домашните, но и со меѓународните компании, помалку трошоци за транспорт и безбеден траснпорт.  Инфраструктирните проекти на СДСМ, се проекти со трајна вредност и се потврда дека СДСМ работи за реалните потреби на граѓаните, создавајќи проекти кои го унапредуваат животот во нашата земја.