Почетна Свет80 години од прогласување на македонскиот јазик како службен

80 години од прогласување на македонскиот јазик како службен

од nenad
1 минути читај за

На денешен ден, пред 80 години македонскиот јазик е прогласен за службен јазик. По тој повод, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје денеска организира свечен час.

На свечениот час ќе се обрати деканот на Факултетот, проф. д-р Владимир Мартиновски, и раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Искра Пановска-Димкова.

Обраќање ќе имаат и проф. д-р Димитар Пандев и проф. д-р Емилија Црвенковска.

Ќе биде отворена и изложба насловена „АСНОМ – израз на суверената волја на македонскиот народ за остварување на неговото право на самоопределување“, претставена од д-р Јасмина Дамјановска.


Post Views:
20

Извор : vesnik-ilinden.com

80 години од прогласување на македонскиот јазик како службен