За опоравување на Украина потребни се буџетски средства и соработка со приватни организации, изјави во оваа прилика европскиот комесар за проширување и соседски прашања на ЕУ, Оливер Вархеи, цитиран во соопштението.
Се очекува проектите да бидат испратени до 1 март 2025 година, забележуваат од комисијата. Денеска и утре на состанокот во Варшава учествуваат повеќе од 5.000 приватни компании и организации, кои би сакале да го поддржат закрепнувањето на земјата нападната од Русија.
За опоравување на Украина потребни се буџетски средства и соработка со приватни организации, изјави во оваа прилика европскиот комесар за проширување и соседски прашања на ЕУ, Оливер Вархеи, цитиран во соопштението. – Поттикнувањето на учеството на приватниот сектор ќе биде клучот за успехот – додава Вархеи. Од почетокот на рускиот воен напад врз Украина, ЕУ обезбедила речиси 122 милијарди евра финансиска, хуманитарна и воена помош за Киев, наведува ЕК.