Почетна Македонија481 санкции за брзо возење, 140 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

481 санкции за брзо возење, 140 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

од nenad
1 минути читај за




Во текот на вчерашниот ден (02.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 481 возач. Од нив 68 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 173 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 308 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

   

На 02.08.2023 во периодот од 08.00 до 18.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Притоа, биле констатирани 140 прекршувања на брзината, од кои 52 на подрачје на Струмица, 36 на подрачје на Радовиш, 32 на подрачје на Валандово и 20 на подрачје на Гевгелија.Од нив, 74 прекршувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 66 во населено место. За време на контролата биле констатирани и 10 останати прекршоци. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.