Почетна Свет30. Министерски совет на ОБСЕ во Македонија

30. Министерски совет на ОБСЕ во Македонија

од nenad
1 минути читај за

30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе се одржи од 30 ноември до 1 декември 2023 година во Скопје, Македонија.

Министерскиот совет е централното тело за одлучување и управување на ОБСЕ. Годишниот состанок е можност министрите за надворешни работи да ја разгледаат и оценат безбедносната состојба во евроатлантската и евроазиската област, како и работата на организацијата во сите нејзини полиња на делување.

Годишниот состанок на министрите за надворешни работи на 57-те земји-членки на ОБСЕ ќе се одржи на покана на претседавачот со ОБСЕ, министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.


Post Views:
34

Извор : vesnik-ilinden.com

30. Министерски совет на ОБСЕ во Македонија