Почетна Економија30 години од првото мобилно АЛО: Технологијата се менува, потребата да бидеме поврзани останува иста

30 години од првото мобилно АЛО: Технологијата се менува, потребата да бидеме поврзани останува иста

од nenad
1 минути читај за

Се сеќавате ли на времето без мобилен телефон? Кога за одење во кино се договаравме однапред, кога не знаевме како ќе излеземе на фотографија, омилените песни ги чекавме на радио, а телефонските броеви ги запишувавме на лист хартија.

30 години од првото мобилно АЛО во Македонија.

Во изминатите 30 години, начинот на кој комуницираме се промени повеќе отколку што некогаш можевме да замислиме. Од првото мобилно „ало“, преку СМС пораките и мобилниот интернет, до свет во кој сме поврзани во секое време и од секое место.

Од првиот мобилен повик до денешната 5G+ мрежа, технологијата постојано се развива, a нашата потреба да останеме поврзани останува иста.