Поконкретно, но оваа само делумно оштетена фреска, Хела ја подава раката кон Фрикс по падот од овенот, непосредно пред да се удави во теснецот меѓу Европа и Азија.Ова е прекрасна фреска во одлична состојба. Според митот, Фрикс и Хела се брат и сестра кои бегале од нивната маќеа. Хела паднала во водата и се удавила“, изјавил Габриел Зухтригел, директор на Археолошкиот парк на Помпеја.
На фреската се гледаат живи бои и исклучителен уметнички стил. Хела е прикажана како тоне, со лицето покриено со бранови, додека нејзиниот брат очајнички се обидува да ја извлече.Фрикс не успеал да ја спаси својата сестра, a морето во кое се удавила го добило нејзиното име – Хелинско Море или Хелеспонт. Денес тоа се Дарданелите.Помпеја беше целосно уништена во вулканска ерупција во 79 н.е. Поради пепелта од лавата големи делови од овој град се исклучително добро сочувани.