Почетна Убавина и здравје17 лица зад решетки поради кршење на одлуката за седумдневна жалост!

17 лица зад решетки поради кршење на одлуката за седумдневна жалост!

од nenad
1 минути читај за



Приведени се 17 лица ширум Македонија поради кршење на одлуката за седумдневна жалост – полицијата не попушта!

Полицијата во Македонија продолжува со сериозни интервенции! Вкупно 17 лица, од различни градови, како Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово, биле приведени во текот на ноќта, осомничени за кршење на одлуката на Владата за седумдневна жалост. Според Министерството за внатрешни работи, приведени се лица кои не ја почитувале мерката за жалост, која се санкционира со кривично дело согласно член 387 од Кривичниот законик.

Најголемиот број од приведените лица потекнуваат од Прилеп, каде што полицијата привела 12 лица, меѓу кои и еден малолетник. Во Скопје, пак, едно малолетно лице и управител на угостителски објект биле приведени, додека во Кичево, сопственик на угостителски објект бил осомничен за истото дело.

Куманово исто така не остана без приведување – двајца угостители, менаџер и управител на објект се осомничени за прекршување на одлуката.

Откако ќе се комплетира документацијата, ќе бидат поднесени соодветни пријави против осомничените лица“, изјави МВР.