Поминаа дваесет и четри часа од исчезнувањето на на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, a полицијата продолжи со потрагата и во текот на ноќта. Испрашани се повеќе лица кои имале контакти со неа, а се проверуваат и камерите во делови каде се движела.
Последен пат била видена во Дебар маало на патот до училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, а за нејзиното исчезнување на Фејсбук информираше нејзината мајка.
Ѓорчевска е облечена во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот.
– Апелираме да не се шират дезинформации, велат од полицијата, а најавија и дека МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.
За било какви информации јавете се на 075 400 816.