Ги коментираше своите помлади колеги и жестоко ги критикуваше Војаж и Милица Павловиќ.
Танчерот Џоле Џогани гостуваше во подкастот на неговата внука Луна каде меѓу другото зборуваше и за своите помлади колеги. Избирајќи помеѓу Игор Паниќ Нучи и Војаж, Џоле Џогани изјави дека не му се допаѓа ниту еден од нив.
Тој е подобар човек од мене, затоа што го познавам… Го сретнав Војаж неколку пати и тој не беше фин со луѓето околу него. Седиме во авион, Весна, Аца Лукас и јас, а „детето“ само поминува покрај нас. Аца му се обрати, а јас реков „Пушти го, гледаш дека не гледа подалеку од носот“, рече Џоле Џогани.
Поврзани објави
Танчерот не ги штедеше зборовите и за Милица Павловиќ:
Еднаш и реков на Весна: „Не зборувај повеќе за тоа, станува малку глупо да зборуваме за некоја Милица Павловиќ таму“, рече Џоле Џогани, а потоа ги спомна нејзините танцувачки способности: „Кога танцува, танцува некако… Како кореограф, би ја оценил некако најниско…“
printskrin Youtube-Kurir