Весна Џогани преку Инстаграм побара итна помош откако нивниот миленик сериозно се разболе.
Одморот во Црна Гора за Весна и Џоле Џогани се претвори во вистинска драма, откако нивното куче ненадејно се разболе во текот на ноќта. Иако веќе речиси месец дена уживаат во летниот престој, настанот ја вознемири пејачката која веднаш побара помош преку социјалните мрежи.
Хитно! Дали некој знае број од било кој ветеринар во Будва? Ве молам!“ – напиша видно потресена Весна Џогани на Инстаграм во раните утрински часови, објавувајќи фотографија од нивниот домашен миленик кој, како што кажа, цела ноќ повраќал.
Поврзани објави
Следуваа коментари и пораки со поддршка, а неколку минути подоцна, Весна објави дека конечно успеале да стапат во контакт со ветеринар. За среќа, ситуацијата заврши без посериозни последици, но пејачката не го криеше стресот што го доживеале таа и нејзиното семејство.
И покрај драмата, Весна Џогани останува активна на плажа, каде што со својата фигура и серија провокативни фотографии редовно добива пофалби од следачите. Но, овојпат, фокусот беше целосно на здравјето на нивното крзнено другарче.
Printscreen/Instagram/djoganivesna